Пари од алкохолот одат во Министерството за здравство!
Објавено на 12 јуни, 2013 во 21:15
Oд следниот месец по еден денар од литар пиво и по 40 денари од еден тон увезен чист алкохол, наместо како досега да влезат во буџетот, сега ќе одат во Министерството за здравство, пишува Фактор.мк
Како што пресметал министерот за здравство Никола Тодоров, од алкохолот годишно, во неговото министерство ќе се слеат по пет милиони евра. Овие пари, појаснува Тодоров, ќе се користат за мајки,за новороденчиња и за други превентивни програми во министерството. Инаку оваа новина е содржана во измените на Законот за здравствена заштита кои поминаа на Собрание и кои во сила влегуваат на 13-ти јули.
Извор: Фактор