Главниот кризен штаб ја прифати препораката за неносење маски во затворен простор

Објавено на 12 април, 2022 во 09:58

На петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.

-Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа. Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица. За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница, соопштија од Влада.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.