Хан: Да се почитува договорот од Пржино и да се договори датум за избори
Ги повикувам политичките партии во Македонија да се држат до договорот од Пржино и да се договорат за датумот за избори, порача денеска еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија. Тој потврди дека петти јуни во петокот во Пржино се разгледувал како нов термин за избори.
Хан нагласи дека е важно изборите да бидат според европските стандарди, со цел да се врати кредибилитетот на земјата. Тој посочи и дека е особено загрижен за малиот прогрес во однос на усвојувањето на итните реформски приоритети од извештајот на Рајнхард Прибе.
За проблемот со мигрантите и неговата изјава во Скопје дека може да има проблеми за Македонија, еврокомесарот вели дека неговиот коментар бил во врска со исходот од минатиот петок, бидејќи има многу предизвици за земјата и Владата и дека мигрантите се еден од најголемите.