„Економист“: Ќе ги врати ли ЕУ визите за патниците од балканските земји?

Објавено на 18 јануари, 2013 во 12:29

“Лажни баратели на азил”, предупредува еден постер на  Белградскиот аеродром “ризикувате сè.” Поминаа три години откако   Србите, Македонците и Црногорците добија слобода да патуваат без виза во 26 земји членки на ЕУ, во Шенген зоната.

Босанците и Албанците го добија тоа право  една година подоцна. Тие во тоа  гледаат најценета  награда во процесот на евроинтеграција.

На пет балкански земји можеби нема да им биде дозволено да го задржат.  Причината е зголемениот број баратели на азил, особено од Србија и Македонија. Во 2009 година, пред укинувањето на визите за нив, 9.860 граѓани аплицирале за азил во Европската унија. Во 2012 година, со нецелосни податоци до октомври, бројката изнесуваше 33.530 (Српските граѓани во Германија поднесоа 10.412 апликации, а  Македонските 6012). Србите се  на врвот на листата на баратели на азил таму, пред Авганистанците и Сиријците.

“Зголемувањето на злоупотребата на системот за азил е неприфатливо”, рече Ханс-Петер Фридрих, германскиот министер за внатрешни работи во октомври минатата година. “Огромниот прилив на српски и македонски граѓани мора веднаш да запре.” Во октомври шест ЕУ министри за внатрешни работи побараа побрза акција за да се овозможи укинување на безвизниот режим.

Она што бројките не го покажуваат е проценката на  претставници дека 95% од лицата кои бараат азил се сиромашни Роми. Животот дома можеби е тежок , но не постои отворен прогон. Во Србија и Македонија, Ромите се подобро интегрирани во општеството отколку во повеќето други земји. Овие баратели на  азил знаат дека нема да го добијат. Од 2009 до 2011 година од 19.650 српски баратели во Германија, Шведска и Луксембург само на 15 им беше дозволено да останат. Но, тие си ја пробаат  среќата, благодарение на “широката достапност на информации за бенефициите за баратели на азил”, се вели во новиот извештај на Европската тинк-тенк иницијатива за стабилност (ЕСИ).

Во текот на месеците чекање додека органите одлучат дали барањето е лажно или вистинско, државата на барателите им обезбедува пари, сместување, здравствена заштита, образование и тн. Со оглед на тоа  дека во Македонија просечната месечна плата е 330 € ($ 436)  преселувањето на север на неколку месеци има јасен  економски смисол. Визите можат да се вратат за Србите и Македонците оваа година. Ако тоа се случи, вели официјален претставник на Србија кој побара да остане анонимен, ова ќе се гледа како  “отфрлање и казнување” и  ќе наштети на поддршката за членство во ЕУ која веќе опаѓа. Дури и полошо, тоа може да поттикне притисоци против одредени групи граѓани.

Тања Фајон, член на Европскиот парламент од Словенија, смета дека во некои земји  ЕУ политичарите ја користат контроверзата за добивање политички поени, особено во Германија каде има избори оваа година. Карл Билт, министер за надворешни работи на Шведска, вели дека безвизниот режим треба да биде заштитен, но дека акцијата треба да се преземе на “обете страни на проблемот”.

Иако Македонија сега започна  да запира некои луѓе не  дозволувајќи да заминат ако немаат одредена сума на пари дневно за патување, ваквите тактики несигурно се нишаат кон расистички и нелегални. Очигледно одговорот, тврди Гералд Кнаус, претседател на ЕСИ, е дека Германија и други земји треба да ги забрзаат одлуките за азил од безбедните Балкански земји. Откако Швајцарија го направи ова, бројот на пријави падна. Но, кога во јули 2012 година Германскиот Уставен суд нареди трикратно зголемување на бенефициите за семејствата на азил, бројките се зголемија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.