Новинарите ќе протестираат за подршка на уапсениот колега Кежаровски!
Новинарите утре од 12 часот ќе излезат на протест пред Кривичниот суд во Скопје. Се организираат преку Фејсбук со цел да го искажат своето противење на одлуката на истражниот судија кој му одреди мерка притвор од 30 дена на новинарот Тимислав Кежаровски.
Кежаровски е уапсен во полициската акција „Ликвидација“, причината за притворот се текстови што ги објавил во списанието „Репортер 92“ во ноември 2008 година со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во „Ореше“.
Направена е и онлајн петиција со наслов „Слобода за новинарот Томислав Кежаровски“.Автор на петицијата е Зоран Димитровски.
Новинарот Томислав Кежаровски е уапсен во полициската акција „Ликвидација“ и се наоѓа во 30-дневен притвор во Истражниот затвор во Скопје. Причината за притворот се текстови што ги објавил во списанието „Репортер 92“ во ноември 2008 година со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во „Ореше“.