Сеуште е активен пожарот кај полигонот Криволак!
Објавено на 30 мај, 2013 во 20:40
Пожарот во близина на воениот полигон Криволак е се уште активен. Командирот на Територијалната противпожарна единица, Кирчо Патраклиски изјави дека поради непристапниот терен, пожарникарите не можат да пристигнат до местото каде што е пожарот, пишува А1он.мк.
„Гори смрека, трње и сува трева, чадот може да се види од селото Драгоево, кое е 20 километри одалечено од полигонот Криволак, вели Патраклиски.
Екипи на ЈП „Македонски шуми“ и на Дирекцијата за заштита и спасување ја следат состојбата со пожарот, со цел да не дојде до негово ширење во околните штипски села поради ветерот. Пожарникарите не интервенираат ниту од страна на Штип, ниту пак од Неготино поради непристапен терен.