Запленета марихуана, уапсен и полицаец!
Во заедничка акција на полицијата и царинската управа синбоќа се запленети 23,5 килограми високо квалитетна марихуана. Запленетата дрога на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 70.000 евра.
Уапсен е полицаец, камионџија кој бил дел од од меѓународна мрежа за шверц со наркотици и уште две лица. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а во текот на денот ќе бидат изведени пред истражен судија.
Запленетата дрога дошла од Албанија, а преку Македонија требало да замине во Хрватска.
МВР информира дека синоќа по претходно добиено сознание за можен транспорт на марихуана, сопрено е товарно моторно возило со хрватски регистарски ознаки управувано од лицето Џ.С. (59) хрватски државјанин, над кое е извршен претрес. При претресот на товарно возило во возачката кабина пронајдени се: еден црн куфер во кој имало седум пакувања со различна форма исполнети со НН растителна материја, црвена патна торба во која имало три полиетиленски пакувања со различна форма исполнети со НН растителна материја и еден темно плав куфер во кој има две големи полиетиленски вреќи исполнети со НН растителна материја.
Според сознанијата од истрагата во текот на мај годинава, лицето С.С. (48) од Тетово организирал купопродажба на наркотична дрога марихуана за НН лице од Р.Хрватска, при што од лицето К.И (37) од Дебар побарал да му набави 25 килограми од дрогата.
Откако К.И ја набавил марихуаната заедно со лицето М.Р (31) од Дебар кој е вработен како полициски службеник во ПС Дебар кај кого е пронајден еден пиштол марка “Застава“ со калибар 9 мм и една рамка со 8 куршуми кој го поседувал без одобрение, изрвшиле транспорт на марихуана од Дебар до Тетово, а потоа заедно со лицето С.С дрогата му ја предале на хрватскиот државјанин кој требало да ја транспортира до Хрватска и да ја предаде до непознатиот нарачател на марихуаната од Хрватска.
Извор: 24 вести