Во петок ГТЦ ќе се брани со жив штит!
Aрхитекти, скулптори, публицисти, сликари се иницијатори за одбрана на Градскиот трговски центар од барокна фасада. Иницијативата потекнува од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија од каде посочија дека се оспорува правото на предложената интервенција, односно дека објектот е заштитен на одреден начин и низ ваков процес и на ваков начин не може да се менува и да се преобликува.
Асоцијацијата посочи дека секој објект може да претрпи промени, но мора да ги задржи своите карактеристики.
– Некому може и не му се допаѓа изгледот на ГТЦ, но сепак, се работи за почитување на основни начела. Не може спротивно на волјата на авторот Живко Поповски, објект од модерната да се преоблекува во барок стил- посочија Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Во петок (14 јуни) во 19 часот жителите на Скопје фатени за раце околу ГТЦ, симболично ќе порачаат дека се против менувањето на изгледот на овој објект.