Жан Клод Мињон во посета на Македонија!
Објавено на 10 јуни, 2013 во 08:15
Во официјална посета на Македонија, од денеска престојува, претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон.
Посетата е на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски. Мињон ќе има средба со својот домаќин, а утре ќе се обрати пред македонското собрание.
Исто така планирани се средби на Мињон и со шефот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот и членовите на Делегацијата на македонското собрание во ПС на СЕ, координаторите на пратеничките групи во Собранието, како и вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања, Муса Џафери и Фатмир Бесими.