Жерновски утре на средба со Г.Г Стефан!
Средбата е иницирана по случувањата, во петокот и денеска, во општина Центар кога демонстрантите протестираат и ги држат речиси под опсада просториите на општината со аргумен дека нема да дозволат советниците да го изгласаат уривањето на црквата „Свети Константин и Елена“ која се гради во центарот на градот.
Засега градоначалникот Жерновски во неколку наврати објави а денеска општината преку соопштение информираше дека на седницата на советот не постои таква точка на дневен ред. Но тоа не го земаа во предвид демонстрантите.
Тие ја имаат поддршката на владиката Агатангел. Владиката Пимен кој изјави дека бил на протестите и тврдеше дека демонстрантите не се собрале спонтано во одбрана на црквата во изградба.
Утре Жерновски ќе се сретне и со Асоцијацијата на архитекти на Макеонија, објави Плусинфо.