Почина Владиката Кирил
Во 79 година од животот ноќеска починал Полошко-кумановскиот владика Кирил.
Роден е 1934 година во селото Царев Двор, Преспанско. Средно богословско училиште завршил во Призрен. Во 1964 година Кирил се замонашил во манастирот свети Причеста во Кичево. Работел како службеник во архиепископијата и во 1965 година со благослов на тогашниот српски владика се запишал на студии на Московската духовна академија на Руската православна црква. Во Московската духовна aкадемија во Загорск до 1967 година завршил прв степен на студиите.
Две години потоа бил повикан во Македонија. На 5 јули 1967 година на редовната седница на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, одржана во Архиепископската резиденција во Криви Дол бил избран за викарен епископ на МПЦсо титула Тивериополски.
Во 1969 година заминал за Канада, со цел да ја организира прекуокеанската епархија. Со Австралиската епархија, која во 1974 година била одвоена од Американско-канадската активно раководел до 1982 година, а со Американско-канадската до 1987година. Во периодот на раководењето со овие епархии, од 1971 до 1978 година администрирал и со Полошко-кумановската епархија. Во1987 година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит.
Коавтор е на монографијата “Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим”, Скопје, 1979 година.
Прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник е на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ.