Советот на општина Центар пред промена на ДУП, Веритас бара укинување!
Советниците во Советот на општина Центар цела ноќ ја минале во расправи по точките од дневниот ред од седницата.
Денеска треба да се разгледува спорната точка број 14, која предвидува измени на Деталниот урбанистички план, како продолжение на последната 20 седница, која траеше маратонски.
Поради одолговлекувања на расправата и бројните амандмани на советниците на ВМРО-ДПМНЕ тие не беа изгласани.
По тензиите пред општината, градоначалникот Жерновски повторно им порача на демонстрантите дека тој не бил за уривање, како и дека и во стариот и во новиот ДУП на локацијата каде што се гради „Св. Константин и Елена“, има маркичка за црква.
Граѓанската иницијатива „Веритас“, која е организатор на протестите за денеска најави средба со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански ќе побара укинување на, како што велат, штетната одлука на Советот на Општина Центар и градоначалникт Андреј Жерновски.
Жерновски планира измени на ДУП-от во која се наоѓа и црквата „Св. Константин и Елена“ кои ќе резултираат со стопирање на изградбата и прогласување на дивоградба на црквата.