Денеска малку потопло!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 06:38
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, со максимална температура до 28 степени, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.