Тодоров уште нема коментар на извештајот на Фридом Хаус!
Министерот за здравство, Тодоров, засега нема коментар за извештајот на Фридом Хаус, во кој е посочен како функционер кој извршил бесрамен притисок врз судот за да го забрани штрајкот на лекарите лани, јави 24 вести.
Откако ќе го прочитале извештајот со сите негови детали Министерството за здравство ќе го кажело својот став. Истото за 24 вести го рекле и од Синдикатот на клинички, кој беше организатор на штрајкот.
Македонија за сите години на својата независност во извештаите на Фридом Хаус е оценувана како делумно слободна држава, со сериозни проблеми во почитувањето на човековите права, владеењето на правото и слободата на медиумите, но тоа не предизвикува речиси никаков ефект кај властите.
Министерот Тодоров во септември лани побара, а судот експресно го забрани штракот на лекари, наводно поради тоа што не бил организиран во согласност со законот. Тоа беше прв случај во историјата на земјата, со судска одлука, по тужба на висок државен функционер, да се оневозможи штрајк организиран од некој синдикат.
Извор: 24 вести