Струмица станува конзулски град!
Објавено на 19 јуни, 2013 во 14:44
Откако Хрватска препозна можност за економска и културна соработка со Струмица отвори свој почесен конзулат. Вита Хјузан е назначена за почесен конзул.
Хрватска е втора земја по Молдавија што отвара конзуларно претставништво.
Заменик министерот за наворешни на Хрватска, Јошко Клисович истакна дека овој конзулат ќе го зацврсти пријателството меѓу Македонците и Хрватите, но ќе отвори и поголема перспектива за бизнис релациите меѓу струмичките и хрватските компании.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев го истакна задоволството што Хрватска на две седмици пред влезот во ЕУ отвара дипломатско преставништво во Струмица. Според него ова е чекор повеќе за привлекување нови инвестиции во овој регион.