Нов контингент војници на АРМ замина во Авганистан!
Со свечена церемонија во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево денеска беше испратен нов контингент на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
“Овие војници се наши амбасадори на мирот. Убедени сме дека достоинствено ќе ја извршат својата мисија и здрави и живи ќе се вратат по извршената задача. Ние остануваме и натаму посветени на мирот и ако де факто не сме членка на НАТО фактички работиме и се однесуваме како да сме дел од Алијансата, рече на свеченоста министерот за одбрана Талат Џафери.
Во петнаесеттата ротација на мировната мисија ИСАФ во Авганистан, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, заминаа 156 припадници на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.