Нов контингент на АРМ во Авганистан
Денес беше испратен нов контингент на АРМ во мировната мисија на ИСАФ во Авганистан.
Ова е 15-та ротација на мировната мисија ИСАФ во која заминаа 156 припадници на АРМ. Тие во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедувањето на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
„Денеска го испраќаме 25-иот контингент на АРМ во мировна мисија како подршка на Владата на Авганистан. Овие војници се наши амбасадори на мирот. Убедени сме дека достоинствено ќе ја извршат својата мисија и здрави и живи ќе се вратат по извршената задача. Ние остануваме и натаму посветени на мирот и ако де факто не сме членка на НАТО фактички работиме и се однесуваме како да сме дел од Алијансата“, рече на свеченоста министерот за одбрана, Талат Џафери, за Радио Слободна Европа.
Л.С.