Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози!
Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим е поставена соодветна сообраќајна сигнализација (табли).
На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули 2013 на сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.
Од 12.06.2013 год. по извршена контрола пуштен е за сообраќај мостот на регионалниот пат Р1-103 Неготино – с. Лакавица (Пепелишки мост) за сите возила со ограничување на брзината од 30 км/час. Сообраќајот се одвива по левата коловозна лента поради санација на столбно место бр.3.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Од 01.06.2013 на сила е забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.