Раѓање на Свети Јован Крстител – Иванден!
Денеска православните верници го одбележуваат верскиот празникот Иванден, посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Тој е еден од поголемите празници во лето.
Свети Јован Крстител го крстил Исус, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Светителот ги крштевал луѓето и го најавувал доаѓањето на Спасителот со зборовите: “Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“.
Иванден е празник на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено, вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во градините за да ги чуваат растенијата и плодовите од разни болести, временски непогоди и други несреќи.
Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден и го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.