ОБСЕ има бројни забелешки за Законот за медиуми!
Бројни се забелешките на ОБСЕ во анализата за вториот нацрт закон за медиуми. Иако биле направени неколку подобрувања, сепак имало многу причини за загриженост, се наведува меѓу другото во анализата.
„Измените и дополнувањата се направени на начин што претставуваат влегување во детали и често се многу мали промените и дополнувањата, во ситуација во која целосен ремонт на Законот би значело да резултира со нов, многу пократок и различно структуриран Закон – тоа би било многу подобро решение. Законот се уште покрива многу различни прашања и дури и со одредените подобрувања, се уште содржи премногу детални уредувања на прашања што би требало да бидат оставени да се уредат внатре од медиумите, според нивно наоѓање. Дефиницијата за новинар останува во текстот, малку изменета, но и понатаму е прекумерна, но и потенцијално ризична. Дефиницијата за електронски публикации е променета, што е позитивно, но останува дека дури и поограничениот опсег на електронски публикации што сега ги покрива не треба да бидат подложени на регулација„ забележува ОБСЕ.
Проблематично е и именувањето и составот на регулаторното тело кои можат да бидат подложни на политички влијанија.