Во Жабени изгореа скапи автомобили и механизација!
Објавено на 13 јули, 2013 во 19:27
Во огнена стихија ноќеска изгореле скапи автомобили, трактори и земјоделска механизација во селото Жабени.
Изгореле автомобили „Пасат“ и “БМВ“, трактори и останата механизација. Првичните проценки на сопственикот Блерим Бесими говорат дека пожарот направил материјална штета од околу 70 илјади евра.
Според него,штетата била уште поголема бидејќи опожарените автомобили и тракторите не биле осигурани. Битолските пожарникари интервенирале за кратко време но пожарот се ширел премногу брзо.
Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.