Субрата рој денеска ја завршува посетата на Охрид
Објавено на 14 јули, 2013 во 07:32
Индискиот бизнисмен Субрата Рој, денеска, ја звршува неколкудневната посета на Охрид.
Тој деновиве имаше интензивни средби со владини претставници околу плановите на неговата компанија “Сахара Индија Паривар“, која планира инвестиции во повеќе области.
Освен инвестицијата во агрокомбинатот „Џумајлија“ која вчера беше официјализирана во Охрид, Субрата Рој планира инвестиции во филмската индустрија и туризмот, кои според најавите ќе достигнат една милијарда евра.
Субрата Рој синоќа приреди свечен прием на терасата на хотелот „Славија Спектар“ – кој сега е дел од „Сахара“ групацијата, на кој присуствуваа премиерот Никола Груевски, министри, политичари, претставници на дипломатскиот кор и познати јавни личности.