Струмичките бостанџии револтирани од откупната цена
Објавено на 14 јули, 2013 во 12:39
Стасува бостанот и се намалува откупната цена на лубениците. Тоа е причина за незадоволството на бостанџиите во струмичко. Трговците килограм бостан откупуваат за 4 денари.
-Од 6 декари бостан успеав да продадам само 2 тона. Другото остана да скапува на нивите, вели бостанџија кои чека да го продаде родот на најголемиот откупен центар во струмичко Колешино.
– Шест денари ни даваа а сега 4 денари за килограм. Со тие пари ли да преживеам, прашува бостанџија.
Според струмички Агрофруктус,најголем откупувач на бостан, ниските откупни цени биле поради незрелите лубеници кои ги продавале бостанџиите.
Годинава во струмичко се засеани околу илјада хектари под бостан а лубениците се извезуваат во Словенија, Хрватска, Србија Полска и Чешка.