ВМРО ДПМНЕ се согласи со СДСМ дека Јовановиќ не може да директорува во Пошта
Од етнички причини, Миодраг Јовановиќ не треба да ја извршува функцијата директор на Пошта во Куманово без разлика што бил на таа позиција пред да стане градоначалник, реагира со соопштение владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата стигна откако денеска опозициската СДСМ упати критики на адреса на власта .
Ниту за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлива одлуката која ја донела управата на Поштата и најавија дека ќе реагираат за да се спречи реализацијата на предлогот.
„ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозно несогласување со одлуката Миодраг Јовановиќ да биде поставен за Раководител на Пошта Куманово. ВМРО-ДПМНЕ во рамките на законските и институционални можности ќе покрене иницијатива за негова смена од раководна позиција“.
Претходно на прес конференција опозициската СДСМ, денска реагираше на поставувањето на Миодраг Јовановиќ на функција директор на поштата во Куманово. Портпаролот на партијата потсети дека поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане е единствениот осомничен за прегазување на 30-годишниот Срѓан Лазаревиќ кој побегна од местото на настанот.
За СДСМ ова е скандалозно именување на директор на пошта.
– Со ова не само што му дозволуваат на Јовановиќ да избега од својата одговорност, туку истиот со новата функција го наградуваат за неговата лојалност и послушност кон партијата. После седум години владеење станува јасно дека власта во оваа држава се води и владее по онаа народната „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“ – изјави денеска на прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.