Денеска постои опасност од невреме во Македонија!
Објавено на 10 август, 2013 во 07:02
Метеоролозите за денеска прогнозираат можност за невреме во земјава. Поради тоа Македонија ќе биде повторно во жолта предупредувачка фаза, сега не поради високите температури, туку поради можноста за невреме.
За западните и северозападните предели е издадена портокалова предупредувачка фаза поради опасност од невреме.
Денеска времето ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Локално можна е појава на невреме. Умерен ветер со променлив правец. Во вечерните часови ќе дува засилен северен и северозападен, а во западните претели засилен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 36°C. УВ индекс 7.