Лекари од Скопје ќе лекуваат пациенти во градовите во внатрешноста
Од наредниот месец, министерството за здравство ќе го започне проектот Дисперзирана клиника во кои лекари од Скопје ќе одат во градовите во внатрешноста за да се обезбеди размена на искуства, истовремена едукација за воведување на нови методи и интервенции како и работа со новата медицинска опрема.
– Во рамките на овој проект ќе бидат ангажирани професори, односно доктори субспецијалисти и доктори специјалисти со 10 и над 10 години работен стаж, кои искажуваат интерес за работа во останатите градови. Ангажираните доктори ќе добиваат соодветен дневен надомест, а нивната работа ќе се вреднува согласно системот за плаќање по учинок. Исто така, ќе биде креиран термин за закажување преглед кај овие клинички доктори, согласно Мој термин. Пациентите ќе можат навремено да си закажат термин и да бидат прегледани од еминентни доктори од соодветната област од терциерно ниво, рече министерот за здравство Никола Тодоров.
До среда сите заинтересирани лекари ќе можат да аплицираат за учество во овој проект или подоцна да го исконтактираат министерството за здравство.