Палми ќе се садат, наесен, во Дојран и во Охрид
На есен, на денот на дрвото, во Охрид и Дојран ќе се засадат палми. Во акцијата за пошумување на Македонија во Дојран ќе се засадат и 5.250 олеандри (зокуми) кои исто така ќе се садат и во средишниот дел на делницата од автопатот Богородица – Смоквица додека 10 000 аризонски чемпреси ќе добие и средишниот дел на автопатор Скопје – Куманово, пишува Вест. Акцијата ќе се изведе и на над 1.000 хектари површина во државата на кои ЈП„Македонски шуми“ предвидува засадување на 4 до 5 милиони садници.
“Палмите што ќе ги садиме се таканаречени влакнести палми кои се отпорни на промената на временските услови. Откако ќе ги посадиме, за нив ќе се грижат локалните самоуправи кои ќе имаат обврска да ја следат временската прогноза и кога ќе има најави за пониски температури и студови да ги завиткуваат во најлони. Палмите ќе бидат посадени покрај езерата и во парковите”, вели Жарко Караџоски, директор на ЈП “Македонски шуми”.