Јавната расправа за Законот за медиуми без синдикатот, МИМ и Одборот за ослободување на Кежаровски
Објавено на 13 август, 2013 во 07:52
На јавната расправа за нацрт-работните верзии на законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најавија дека нема да присуствуваат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Македонскиот институт за медиуми и Иницијативниот одбор за ослободување од притвор на Кежаровски.
Јавната расправа денеска ја организира министерството за информатичко општество и администрација, за да бидат разгледани забелешките и предлозите по нацрт-текстовите.
На расправата ќе учествуваат експерти на ОБСЕ, Советот на Европа и TAIEX мисијата кои работеа на предлог измените на законите, како и сите заинтересирани субјекти кои се дел од медиумската област.