Земјотрес во охридско
Објавено на 17 јануари, 2018 во 08:33
Земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје бил регистриран синоќа во 21 часот и 22 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Епицентарот на земјотресот беше на само неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошка опсерваторија.