ВМРО ДПМНЕ се враќа во Собранието за говорот на Столтенберг
Објавено на 18 јануари, 2018 во 08:55
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои со недели протестираат за приведените за настаните од 27. април и не доаѓаат во Собранието, ќе се вратат само денеска за да го чујат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
Влатко Ѓорчев за МИА изјави дека во Собранието се враќаат само за обраќањето на Столтенберг и оти тоа не значи нивно натамошно учество во работата на законодавниот дом.
Извор: МИА