Ќе има ли нови рестриктивни мерки по ширењето на британската мутација на коронавирусот?
01.03.2021
Британската мутација зема замав во земјва.Расте бројот на нови позитивни лица во земјава.
За новите случувања поврзани во вирусот Комисијата за заразни болесни денеска ќе расправа утре. Но, не се знае дали ќе предложи нови рестрикции.
Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Канал 5 зборувајќи за зголемениот број на заболени со ковид-19 рече дека имајќи предвид дека британскиот сој на коронавирусор многу побрзо се шири, веројатно и убавото време ги тера луѓето да не ги почитуваат превентивните мерки.
– Се случува нешто и во околните земји што се случува Албанија, Србија. Имаме зголеме број пациенти посебно во некои градови. Навистина се зголеми на хоспитализирани пациенти во болниците во Кавадарци и Прилеп, тука некаде беше со истата динамика и приемот на пациенти во болницата во Охрид. Во другите градови ситуацијата е прилично мирна и стабилна, рече Филипче.
Министерот рече дека засега нема да има нови рестрикции.
– Засега не. Ситуацијата е таква да немаме онаков нагол раст на кривата како што имаше во месец ноември и сметаме дека засега мерките се добри. Училиштата со овој режим на работа, ограничената бројка на деца во градинките. Така што, ја следиме ситуацијата динамично. Имаме пораст посебно во некои градови на факторот на преносливост, но засега остануваме со истите превентивни мерки, потенцираше Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.