Филипче: Нема пропуст во работата на Д-р Асани кој остави родилка без неколку органи
Објавено на 9 март, 2021 во 11:59
09.03.2021
Во своето гостување во „Утрински брифинг“, министерот за здравство Венко Филипчe, во однос на тоа дека Лекарската комора не наишла на пропуст кај Д-р. Асани, кој при интервенција остави родилка без неколку органи, Филипче потврди дека не е најден пропуст во рамки на оваа интервенција.
-„Да. Пристигна извештајот од лекарската комора, каде се вели дека стручниот надзор не наишол на пропуст, но оној друг дел, во делот на налогот на Државен санитарен и здравствен инпекторат е понатаму спроведен во обвинителството во Струга“, истакна Филипче.