УХМР: Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, за време на викендот облачно со врнежи од дожд
19.03.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.
Во текот на утрешниот ден ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Под влијание на влажен бран, од утре до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник . На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.