Снег на повеќе патни правци, се препорачува внимателно возење
Објавено на 21 март, 2021 во 08:25
21.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини. На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.