АМСМ: Сообраќајот во зимски услови, возете внимателно
22.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија, во утринскиот извештај соопшти дека поради интензивни врнежи од снег, укинати се забраните за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, Струга – Граничен премин Ќафасан, планинските премини Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Од 5:20 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, е нормализиран и се одвива по две сообраќајни ленти, отккао синоќа пред полноќ беа пробиени лавините што паднаа на делницата Дебар – Жировница.
Поради снежните врнежи, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Се апелира на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.
Стефани Манева