(ВИДЕО) МВР: 10 прекршувања на забраната за движење, 242 санкции за не носење маска
Објавено на 22 март, 2021 во 10:58
22.03.2021
Од 22:00 до 05:00 часот, констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на цела држава. Во текот на изминатото деноноќие пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 242 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.