Состојбата на доктор Ѓорчев не е последица од вакцината, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш
30.03.2021
Состојбата на доктор Анѓелко Ѓорчев, татко на долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Влатко Ѓорчев е непроменета и тој сè уште е во кома. Ова го потврди директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ во изјава за агенцијата Бета. На познатиот пулмолог од Македонија викендот му се слошило во салата „Чаир“ во Ниш каде се вакцинирал против коронаворусот.
– Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на вакцината што ја прими, изјави Перишиќ за агенцијата Бета.
Како што додаде Перишиќ, лекарите, исто така, ги елиминирале срцевите проблеми како причина за несвесната состојба, бидејќи била извршена коронарна ангиографија и била проверена состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.
Перишиќ изјави дека бројот на заразени со вирусот на кои им е потребно болничко лекување во Ниш се зголемува и додаде дека ова е „сосема очекувано“ со оглед на тоа што вирусот е потврден кај околу 350 лица во тој град секој ден.
– Имаме над 400 пациенти во Клиничкиот центар „Радон“, во Нишка Бања има над 100 пациенти, а Воената болница има скоро 30 пациенти, а вчера таму започна повторно приемот на пациенти со коронавирус, рече Перишиќ.
Според него, испуштањето на пациенти од ковид-центрите е бавно и тој „не знае дека ниту еден пациент е хоспитализиран помалку од една недела“, додека горната граница на престојот во болницата „практично не постои“.