Нов ладен и влажен бран, викендов повторно врнежи на дожд а ќе има и снег

Објавено: 14 јануари, 2026, во 09:06 часот

„Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа, сабота 17 и недела 18 јануари. Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Температурите повторно позначително ќе опаднат, особено во недела кога повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец којшто најизразен ќе биде долж Повардарието.

Исто така, облачноста ќе се зголеми и ќе имаме повремени локални врнежи од дожд и од снег во пониските места како и само врнежи од снег во повисоките населени места  и на планините,каде очекувам формирање на нова снежна покривка како и нејзино проширување.

Во Скопје и околината ќе имаме повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег а особено во недела повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите за време на викендот ќе бидат значително пониски. Во недела тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 4 степени додека денските ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени“, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.