Османи на министерски состанок на Вишеградската група и Западен Балкан
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе присуствува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.
Состанокот ќе се одржи во Познан, на него се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на советите на ЕУ. Ќе се разговара и за регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот.
На состанокот најавено е присуство и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и на министрите за надворешни работи на Словенија и на Хрватска.
– Имајќи ја предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, а ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи на Словенија и Хрватска, информираат од МНР.