Попладне локален пороен дожд и грмежи
Објавено на 11 август, 2021 во 09:23
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе се намали за 3 до 5 степени и УВ индексот ќе изнесува 7, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Од утре повторно ќе биде стабилно и топло, но со просечни температури за овој период од годината.