Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд
Објавено на 5 јули, 2022 во 09:14
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот.
Од денес до крајот на периодот ќе има појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер.