Пријавени се тринаесет починати лица и 101 нов случај на Ковид – 19

Објавено на 6 декември, 2021 во 15:44

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти и текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.