Сончево време со мала до умерена облачност
Објавено на 15 февруари, 2022 во 09:27
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во крајните западни планински подрачја ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота.