ФБИ го откри и уапси бомбашот во Бостон!
Објавено на 17 април, 2013 во 18:39
Федералното истражно биро (ФБИ) користејки видео снимки го открил идентитетот на терористот кој го оставил ранецот со бомба на бостонскиот маратон, јави американската телевизија Си Ен Ен.
„На снимениот материјал се гледа како лицето доаѓа и го остава пакетот и потоа се оддалечува„, пренесе телевизијата.
ФБИ најави конференција за новинарите по локално време, во 5 часот попладнево,поточно околу 23 часот по македонско време.
Во бомбашкиот напад во Бостон, што се случи во понеделникот, загинаа тројца луѓе и повеќе од 180 се повредени. Од нив 17 се во критична состојба. Меѓу загинатите има и осумгодишно дете.