Братушек: Словенија донесе мерки кои ја задоволија ЕУ!
Премиерката на Словенија, Аленка Братушек искажа големо задоволство од одлуката на Европската комисија, Словенија во рок од две години да го намали буџетскиот дефицит на помалку од 3 отсто од својот бруто домашен производ, обезбедувајќи со тоа повеќе време за стабилизација на јавните финансии, со препорака да ги забрза структурните реформи.
„Владата докажа дека може да ги решава проблемите и во рекорден период подготви мери кои ја задоволија Европската Унија“ рече Братушек потсетувајќи дека пред два месеци Словенија тврдеше дека ако и се даде доволно време ќе може сама да излезе од кризата и да ја врати макроекономската стабилност и дека не и е потребна меѓународна помош.
„Го изгаснавме пожарот но, допрва не очекува работа“ рече Братушек најавувајќи ги напорите на валдата за стабилизација и решавање на финансиските проблеми.