Почина момчето погодено од гром на игралиште во Нова Рача!
Објавено на 9 јуни, 2013 во 22:14
Шеснаесет годишниот Д.Н не успеа да се спаси од тешките повреди кои ги здоби, вчера попладне, кога на фудбалското игралиште додека одигрувал натпревар беше погоден од гром. Тој денеска, нешто после 11 часот, им подлегна на последиците во болницата во Бјеловар, Хрватска.
Второповредениот играч на ФК Брезовец, К.П исто така беше задржан на болничко лекување и засега состојбата му е стабилна, пренесе Вечерњи лист. Вчера вечер лекарска помош побарале уште неколкумина фудбалски јуниори но, нивната состојба била помалку опасна.
Гром удри во фудбалското игралиште во Нова Рача вчера попладне додека се одржуваше фудбалски натпревар во кои играа два тима на јуниори.