Украина со санкции за западни новинари
Објавено на 17 септември, 2015 во 08:23
Украина воведе нови санкции против десетина руски политичари, како и против новинари кои работат за Би Би Си и за некои германски и шпански весници, јави Радио Слободна Европа.
Оваа одлука е во врска со планираните избори во сепаратистичките проруски региони Доњецк и Луганск закажани за 18 октомври и за 1 ноември годинава.
Според претседателот Петро Порошенко, станува збор за нелегални избори. Договорот од Минск предвидува изборите да се одржат во исто време во цела Украина, а тие веќе се закажани за 25 октомври.