Алармантен пораст на заразени во Србија – не се поштедени ниту децата на возраст од 10 до 14 години

Објавено на 17 март, 2021 во 09:53

1077d307c777f2a5fcb08f67e59a285b

17.03.2021

Србија повторно е на удар на интензивен пораст на бројот на заразени од коронавирус. Но, овојпат она што е загрижувачко е дека мутираниот вирус непредвидливо се однесува и неизвесно е како пациентот ќе ја помине првата ноќ.

Милорад Јеркан, директор на Домот за здравство во Ниш, вели дека клиничките слики на пациентите се многу потешки од претходно, и дека класичните симптоми мора енергично да се следат, кога во рок од 24 часа, температурата на ковид пациентот се зголемува и ги зафаќа двете белодробни крила.

– Овој вирус многу побрзо се шири и е многу поопасен – вели доктор Јеркан и додава дека единствен спас е вакцината.
Според него, ако примите една доза од вакцината, и ако се заразите по три- четири дена, клиничката слика е веднаш поблага. По втората вакцина, повеќе не ви е потребна ниту терапија.

Во Ниш состојбата е алармантна. Во две ковид амбуланти, вчера се пријавиле 2.406 граѓани, од кои речиси 600 првпат, што е рекорден број прегледи од почетокот на пандемијата.

Не е наивна ниту состојбата и за децата на возраст од 10 до 14 години. Доктор Јеркан вели дека бројот на деца со ковид симптоми е исклучително пораснат за многу кус период.

– До пред извесно време, тоа беа 20 до 30 прегледи, а овие денови е помеѓу 120 и 150. Среќа е што нивната клиничка слика е поблага, па педијатрите во нашите установи ги водат овие случаи, вели тој.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.