Заврши обврската за зимска опрема во возилата
Објавено на 15 март, 2022 во 09:57
Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Авто Мото Сојуз на Македонија.
Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември, претходната година.
АМСМ соопштува дека се уште е непрооден регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од село П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце, блокиран од 10 март, поради снежна покривка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.