Поевтинуваат хотелските соби во Грција!
Објавено на 14 јануари, 2013 во 10:22
Трендот на поевтинување ги зафати и другите земји од ЕУ.
Во последниве четири години цените на грчките хотели паднаа на најниско ниво, покажуваат податоците на истражување.Овој месец просечната цена на двокреветна соба во грчките хотели е 72 евра. Најскапиот месец за последните години останува август 2009 година, кога просечната цена била 132 евра.
Поради кризата се забележува намалување на цените, а исто така и во голем дел од територијата на ЕУ.Во Велика Британија во текот на последната година ноќевањата во хотелите паднаа во просек за 7% до 125 евра, во Португалија со 6% до 76 евра и во Италија, исто така со 6% до 104 евра.